Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, а една од темите била прашањето за името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

Оттаму наведуваат дека двајцата лидери разговарале за прашањето за името, провокативната воздухопловна активност на Турција во Егејското Море и односите меѓу ЕУ и Турција, се наведува во соопштението, пренесува МИА.

Телефонскиот разговор на Ципрас и Меркел доаѓа на еден ден пред посетата на македонскиот премиер Заев на Берлин и неговата средба со германската канцеларка.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2018 16:47