Албанскиот премиер Еди Рама по лавината реакции и осуди околу неговата изјава за заеднички претседател на Албанија и Косово, се обиде да се оправда дека тоа била само негова мечта и оти е извадена од контекст.
- Не дадов никаква изјава. Еден слободен говор е изваден од контекст и се претвори во политичка програма. Во обраќањето во овој случај, си дозволив да делувам со имагинација, каква може да биде 20-годишнината од независноста на Косово. Тоа е национален спорт, но исто така и интернационален, се вади еден збор од контекстот и потоа се создава приказна. Но, верувам дека никој не ме спречува да мечтаам. Што се однесува до артикулацијата, како тоа може да се случи од законодавна гледна точка, мојата фантазија не стигна до таму - изјави Рама за тиранската телевизија Топ чанел.
На изјавата остро регираше Европската комисија која ја оцени како несоодветна и како политичко мешање во соседните земји, што не помога во градењето на добрососедски односи.
Косовскиот премиер Рамуш Хараднај денеска од Митровица му порача на Рама да ја развие Албанија, а не да мм продава ум на Косовo.