Турција очекува сирискиот град Африн за неколку дена да биде под опсада, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

– Во следните денови, благодарение на напредувањето на турската армија поддржана од борците на Слободна сириска армија, градот Африн ќе биде под опсада, истакна Ердоган пред пратениците на својата Партија на правдата и развојот.

Турската армија на 20 јануари почна операција „Маслиново гранче“ во сириската енклава Африн против курдските Сили за заштита на народот и Партијата на демократската унија, кои за Анкара се терористички организации.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2018 17:43