Папата Франциск ќе учествува на овогодинешниот состанок на лидерите на Г7, на кој ќе се разговара за предизвиците на вештачката интелигенција, соопшти денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Средбата, на која ќе присуствуваат челниците на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Канада и Јапонија, ќе се одржи во јужниот италијански регион Пуља од 13 до 15 јуни.

- Ова е првпат во историјата Светиот Отец да учествува во работата на Г-7, истакна Мелони во видео пораката.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2024 05:10