Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска оствари средба со претставници на транспортните компании, доверители на Фени индустри, претставници на Новалогистик и претставниците на компанијата G-Sol, компанија која има договор за преработка на руда.

На средбата транспортерите ги образложиле причините поради кои протестираат и побарале сите заостанати долгови кои Фени Индустри ги има кон Новалогистик, а таа кон транспортните компании да бидат покриени од новиот потенцијален сопственик.

Анѓушев, како што информираат од неговиот Кабинет, истакнал дека Владата не се меша во должничко-доверителски односи помеѓу приватните субјекти и ги охрабрил присутните да најдат меѓусебно решение, во однос на динамиката на покривањето на заостанатите долгови како би можело фабриката побрзо да се рестартира.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2018 22:07