Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го известил грчкиот премиер Алексис Ципрас за последните случувања во разговорите за името. Коѕијас, според грчките медиуми, синоќа ја посетил премиерската палата и на тет-а-тет средба го брифирал Ципрас за контактите и разговорите што ги имал во изминатите денови, во врска со спорот со името.

За средбата, која не беше претходно најавена, јавува дописникот на МИА од Атина, официјално соопштение, но и дополнителни детали нема, ниту од грчкото МНР, ниту од кабинетот на грчкиот премиер.

Како што вчера објави МИА, Алексис Ципрас имаше телефонски разговор со Ангела Меркел, а меѓу другото разговарале и за прашањето за името, но се договориле да се сретнат утре во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Телефонскиот разговор Ципрас – Меркел беше на само еден ден пред посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2018 15:18