Заверката на директниот пласман во четврт-финалето на лигата на шампионите за Вардар е одложено за следниот викенд кога „црвено-црните" го играат последниот натпревар од групната фаза против Висла. Во меч од 13. коло од лигата на шампионите на гостувањето во Франција нашите момци се враќаат без бодови откако загубија минимално, 26-27 од Нант во меч со драматична завршница.
Сега на табелата во група А, Вардар води со 20 бода, еден повеќе од Нант, и два од Барселона. Во последното коло сега нам ни треба најмалку реми против Висла за да го осигураме директниот пласман во четврт-финалето. Во случај на ист број бодови со Нант, ние имаме подобра меѓусебна гол разлика. Дури и ако три екипи: Вардар, Барселона и Нант имаат ист број бодови, првото место ќе го освои Вардар бидејќи има најдобра вкупна гол разлика.
Нашиот слаб почеток на натпреварот му овозможи на домаќинот да направи брзо предност од неколку голови што знаеја да ги задржат, и не само тоа туку и да стигнат до „плус 6" за водство 18-12 на полувреме. Лошо игравме и во одбрана и напад, не препознатливо, без агресивноста што досега беше наш заштитен знак, а од друга страна и гостинскиот голман беше несовладлив.
Нант мислеше дека веќе ја има завршено работата, бидејќи и во второто полувреме имаше постојано предност. И така беше се до 50 минута од натпреварот кога Вардар како да се разбуди и почна да игра онака како што сме сите навикнати. Одбраната беше одлична, во нападот почнавме да функционираме и разликата на домашните полека се топеше.
Имаше и одлуки од арбитрите на кои сите забележуваат, а кога и тренерот Раул Гонзалес кој вообичаено никогаш не коментира судиски одлуки е „изваден од такт" тогаш постои сомнеж. На три минути до крај судиите досудија пенал во моменти кога домашните се обидоа да изведат цепели, а тоа до прочита Дибиров, и во скок ја имаше топката во раце, во ист момент со Балагер. А тоа за судиите беше пенал. Но, и покрај тоа ние игравме без предавање. Ни требаше малку повеќе концентрација во последната минута, да не направиме техничка грешка со која на Нант му овозможивме пак да им адва гола предност.
Вардар го одигра својот најлош натпревар во повеќе од една година, со доста грешки во играта, и промашувања во нападот. Сепак останува сѐ во нашите раце за пласман во четврт-финалето.
Тимур Дибиров постигна 6 гола, а четири даде Лука Циндриќ. По три постигнаа Хорхе Македа и Данил Шишкарев.