„Три дена во септември“ на режисерот на Даријан Пејовски ја доби наградата „Балкански мостови“ за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.

Фестивалот е преглед на најдобрата и најновата продукција на документарни и долгометражни филмови од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија.

„Балкански мостови“ им се доделува на режисери на долгометражни и документарни филмови кои, пред сè, успеале да ги зајакнат човековите права во своите филмови. Одлуката да му биде доделена на Пејовски ја донесе жири составено од филмски критичари и експерти од Балканот.

„Три дена во септември“ е копродукција помеѓу Скопје филм студио и Иконе Студио од Косово, а проектот беше поддржан од Агенцијата за филм на РМ и Косовскиот кинематографски центар. Даријан Пејовски е и сценарист на филмот заедно со Игор Иванов.

Филмот на 2 март од 18 часот ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија, каде што ќе биде присутна и дел од екипата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2018 20:22