Поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ одби да стане почесен граѓанин на Сараево, признание што се доделува од Градската управа на градот Сараево.
Во изјава за Н1, Месиќ потврди дека го одбил тоа признание со објаснување дека никој од Градската управа не му се јавил дека е кандидиран и за тоа дознал од медиумите. Месиќ им испратил писмо на властите во Сараево во кое навел дека поради целиот случај со Орхан Памук не сака да биде почесен граѓанин на Сараево.
Пред две недели за таа награда беше кандидиран турскиот писател Орхан Памук, кој е добитник и на Нобелова награда. Но, Комисијата за избор и именување на Градскиот совет во која се седум членови, гласаше против таа одука.