Пласманот на Вардар во четврт-финалето на лигата на шампионите одамна беше заверен, а сега во петок, 19 часот против германски Битигхајм можеме да го потврдиме и првото место во групата. Тоа ќе значи дека наш ривал во Топ-8 фазата ќе биде четвртопласираниот тим од првата група.

Средбата со Битигхајм би требало да биде само потврда на нашиот квалитет. На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија ние победивме со 38-26. И сега се очекува освојување на бодовите.

„ Добро го познаваме противникот. Претходниот натпревар го добивме со голема разлика, иако првиот дел не беше лесен. Треба да играме перфектно за да победиме, и да ја решиме нашата задача во групата. На претходниот натпревар во Мец загубивме само порадите нашите грешки. Ни треба поддршката од трибините од сите, да бидеме сложни сите заедно дури и кога губиме. Треба да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место" изјави тренерот Ирина Дибирова.

До крајот на натпреварите од главната фаза треба да играме уште два натпревари, овој со Битигхајм и на гости кај Будуќност. Ни треба само победа против Битигхајм за потврда на првото место во групата

„ В петок сакаме само да победиме и на тој начин да го решиме првото место во групата. Изгубивме од Мец, поразот дојде во право време, за да не летнеме во облаци и мислам дека загубивме само поради нашите грешки. Тие играа исто како и досега, само ние не бевме на нашето ниво. Со нашата добра енергија, добра одбрана ќе треба да стигнеме до победа. Битигхајм не намачи кај нив во првиот дел и ќе сакаат да не пореметат нашиот ритам, вели Јованка Радичевиќ.

Вардарки досега играат според планот и се на чекор до освојување на првото место во групата, што би значело избегнување во четврт-финалето на екипите на Ростов, Ѓер или ЧСМ.

„Очекувам дека со победа ќе ја завршиме главната рунда на домашен терен со што ќе го реализираме нашиот план, а со тоа ќе добиеме полесен тим за противник во четвртфиналето. Нашиот план беше да бидеме прв во главната рунда и да се оди на Ф4. Битигхајм е во натпреварувачки ритам, но јас очекувам дека тимот ќе се консолидира по поразот од Мец и со една одлична партија ќе победиме." – вели претседателот на клубот Гордана Нацева.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2018 18:58