Потпретседателот на Фудбалската федерација на Италија Алесандро Костакурта соопшти дека листата со кандидати за селектор на италијанската репрезентација е скратена на три имиња.

Костакурта наведе дека меѓу најсериозните кандидати се останати тренерот на Челзи, Антонио Конте, тренерот на Зенит, Роберто Манчини, и актуелниот селектор на младата репрезентација и в.д. селектор на Италија Луиџи ди Бјаџо.

Според него најдобро решение е Конте, бидејќи веќе ја извршувал оваа функција, но не ја исклучи можноста тоа да биде некој од другите двајца.

Конечниот избор и именувањето на новиот селектор ќе биде направено во јуни, а дотогаш репрезентацијата ќе ја води Ди Бјаџо.

Италија остана без селектор по баражот за Мундијалот во Русија, кога поради лошите резултати беше отпуштен Џампјетро Вентура.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2018 18:59