Сложено име, во форма на еден слеан збор, за сите употреби предлага Атина во Нацрт-спогодбата, тврди грчкиот весник „Неа селида“.
Во текстот, најавен и на насловна страница како „Ексклузивно – седумте точки на грчкиот предлог до Скопје“, весникот ги открива позициите на Грција, кои во изминатиот период беа објавени и во други грчки медиуми.
„… грчката Влада предлага сложено име, непреведено за сите употреби (ерга омнес). На пример, земјата може да се вика „Горнамакедонија“, а не „Горна Македонија“, што се два збора.
За потсетување Грчката академија на науките и уметностите на седницата зад затворени врати на 11 ноември 2004, одлучи да предложи сложено име во еден збор без превод и како што беше објавено во 2008, беше предложено името „Новамакедонија“, пишува весникот.