Вардар е по вторпат директно во четврт-финалето на лигата на шампионите, а кога „црвено-црните" освојуваат бодови тогаш како по правило има место и за некоја дополнителна индивидуална награда. Овојпат во еден од изборите на ЕХФ с енајде Вуко Борозан.

Неговиот удар упатен кон голот на Висла не само што беше неодбранлив туку украде и многу аплаузи и воздишки во салата во СЦ „Јане Сандански". Вардар играше нерешено 31-31, но уште пред почетокот на средбата беше јасно дека ние ќе бидеме првопласирани.

Погледнете го голот на Вуко Борозан кој се најде во Топ-5 оваа 14.коло во ЕХФ лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2018 09:29