Перспективите за сериозно решавање на прашањето за името сѐ повеќе се намалуваат поради несериозната влада на Ципрас, смета поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани.
Во интервју за радиото „Риал фм“ Бакојани песимистички вели – тоа го искористија и други сили: турците, влегоа на средина и ги охрабрија скопјаните да не направат отстапки за основните прашања како што е Уставот, што е и предуслов, а резултатот е денес да имаме пораст на национализмот и во Грција и во ПЈРМ и, секако, перспективите за едно сериозно решавање на прашањето (читај прогрчко решение) сѐ повеќе се намалуваат, додаде поранешната шефица на грчката дипломатија, а сега пратеник на опозициската нова демократија, која според анкетите ќе биде и новата владејачка партија во Грција.