Многу е добро што прашањето за името е високо на агендата и се надеваме дека може да се создаде позитивен моментум, вели заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готмелер, во интервју за грчката телевизија Скај.
Во однос на членството на Македонија во северно – атлантската алијанса, таа ја споменува неодамнешната посета на генералниот секретар Јенс Столтенберг на Скопје и ставот дека „треба да се оди напред во преговорите во рамките на ОН, на еден директен начин, работејќи со амбасадорот Нимиц, да се најде решение што јасно ќе им одговара на сите страни“.
- Ние внимателно следиме, многу е интересно колку темата е високо на агендата, бидејќи тоа е нешто што е многу добро. Знам дека неколку години беше тргнато настрана. Според тоа, ние се надеваме дека може да се создаде еден моментум, на позитивен начин, истакна Готмелер во интервјуто за емисијата „Историес“ на грчката телевизија Скај.