Вчерашната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев во која препорача да се отвори и грчкиот устав „за се види како Грција води грижа за Грците надвор од земјата“, за грчките медиуми претставува провокација.

- „Провокација од Заев: и Грција да го отвори нејзиниот устав“; „Заев: промената на уставот не е решение, го решивме иредентизмот“; „провоцира Заев: ненадејно поставува прашање за споредба на грчкиот со скопскиот устав“; „предлог од Заев за меѓународен договор наместо промена на уставот на ПЈРМ - отвора прашање и за грчкиот устав“; „Заев: да го отвориме и уставот на Грција“, се само дел од насловите во грчките медиуми.

- Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев излезе со проценката дека промената на уставот на земјата не претставува трајна гаранција за Грција, пишува Ана-Мпа на почетокот од текстот, што го презедоа речиси сите грчки медиуми.

Единствено, онлајн изданието на весникот „Прото тема“ излезе со анализа по вчерашните изјави на Заев.

- Да се отвори прашање и за грчкиот устав, беше неверојатната провокација од Заев. Не отстапуваат, негираат каква било промена на нивниот устав, повторно во игра го враќаат Метју Нимиц и ја очекуваат посетата на Никос Коѕијас во втората половина на март, објави весникот и коментира дека почетната клима на еуфорија сега е заменета со мудрост, а пресвртна точка била средбата на шефовите на дипломатиите на двете земји минатиот месец во Виена.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2018 19:29