Покрај „црвено-црните" кои се актуелни победници на СЕХА лигата во Топ-4 екипи се уште и ППД Загреб, Целје и Мешков. По одигрување на последните две кола ќе бидат познати и полуфиналните двојки на Ф4 турнирот.
Вардар одамна го обезбеди пласманот на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, а денеска на две кола до крај на регуларниот дел на лигата познати се и другите три екипи што ќе разигруваат за трофејот.
Покрај „црвено-црните" кои се актуелни победници на СЕХА лигата во Топ-4 екипи се уште и ППД Загреб, Целје и Мешков. По одигрување на последните две кола ќе бидат познати и полуфиналните двојки на Ф4 турнирот.
Вардар сигурно е прв, и ние во полуфиналето ќе го добиеме тимот што регуларниот дел од сезоната ќе го заврши на четвртото место. На Ф4 турнирот се игра про принципот 1-4 и 2-3 во полуфиналето, а потоа победниците играат за златниот медал.
Домаќинот на Ф4 турнирот треба да биде објавен утре, а познато е дека терминот на одигрување на натпреварите се 13 и 15 април. „Црвено-црните" заедно со ППД Загреб се единствени екипи што досега играле на сите завршни турниро од СЕХА лигата. За Целје ова ќе биде прво учество на завршниот турнир.
Вардар е единствен тим со три трофеи во СЕХА лигата, два има Веспрем, а еден ППД Загреб.