Американски карате мајстор и актер, Чак Норис, доби споменик во Загреб.

Споменикот беше откриен синоќа на полноќ со огномет и организирано славење на неговиот 78-ми роденден.

Споменикот се наоѓа во загребската населба „Слобоштина“, при што авторот побара да остане анонимен, „на барање на Чак Норис со кого сака да одржува добри односи“.

„Ова е прв споменик на Чак Норис во Хрватска“, рече организаторот на настанот Круно Локотар.

Тој изрази надеж дека градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, ќе го посети споменикот, бидејќи со доаѓањето на Чак Норис градот станал побезбеден.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2018 00:05