Дуелите меѓу Будуќност и Вардар последниве четири години се вистински ракометни дерби средби каде двата тима влегувале без компромис. На почетокот Будуќност беше подобар, а последниве две сезони „црвено-црните" доминираат.

Оваа сезона не само во ЛШ, игравме меѓусебе и во ВРХЛ лигата, а Вардар секогаш бил подобар.

На прес-конференцијата по натпреварот во Подгорица двата тренери ги пренесоа своите размислувања.

Ирина Дибирова - тренер на Вардар

„Му честитам на Будуќност за пласманот во четврт-финалето на лигата на шампионите и им посакувам многу успех. Имаат добар тим и одличен тренер, а за една-две години ќе бидат одлична екипа. Ние на овој натпревар не бевме комплетни. Ни недостигаше Андреа Лекиќ. Важно е дека ракометарките го издржаа овој меч, одиграа колку што требаше и пред сѐ победивме. Сите знаеме дека овде секогаш се игра тешко, и уште потешко се освојуваат бодови. Ние успеавме. Сега останува да се фокусираме на следите натпревари од лигата на шампионите.

Драган Аџиќ - тренер на Будуќност

„Привилегија ни е што сезонава имаме можност за толку средби против Вардар. Ни недостигаат такви средби за да напредуваме. Публиката ни помогна за да издржиме и да дадеме силен отпор. Девојките беа на највисоко ниво сезонава од сите средби против Вардар. Верувам дека оваа игра против Вардар ќе ни даде самодоверба против Ѓер. На Вардар му посакувам да заврши на Ф4, па ако може и да се сретнеме таму. Ако не се сретнеме тогаш му посакувам на Вардар да ја освои титулата бидејќи има одлични ракометарки и одличен стручен штаб"



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2018 00:43