Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека прашањето за заложбите на Бугарската православна црква за признавање на независноста на МПЦ-ОА се во целосна надлежност на БПЦ, но треба да се води сметка за блискоста со Македонија.
- Тоа прашање е целосно во прерогативите на Бугарската православна црква. Но за време на мојата официјална посета во Република Македонија јас бев со двајца бугарски митрополити – Николај и Кипријан. Тука државата не може да се меша, но треба да се води сметка кога православните цркви ќе го решаваат тоа прашње дека од двете страни на границата меѓу Макеоднија и Бугарија имаме заеднички имиња, имаме заедничка историја, имаме заеднички празници и сме исклучително блиски. Нека води сметка за тоа и црквата, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.
Одговорот на Радев беше за тоа дали ги поддржува заложбите на БПЦ за признавање на независноста на МПЦ-Охридска архиепископија и заедничкото сослужение меѓу двете цркви.
Бугарскиот претседател Румен Радев беше во посета на Македонија во минатиот месец и притоа го посети Бигорскиот манастир каде беше пречекан по манастирски и црковен ред. Радев беше првиот претседател на странска држава кој го посетил тој манастир.