Секретарот на Комисијата за ревизија на новиот Устав на Српската православна црква, протојерот Велимир Џомиќ за Радио Белград вели дека Комисијата ја завршила својата работа, по што следи дискусија после која ќе расправаат епископите и свештенството, по што финалната верзија со сите предлози и сугестии ќе биде доставена до Мајскиот Собор на СПЦ. Џомиќ посочил дека новиот Устав на СПЦ не предвидува територијална реорганизација, ниту слични медиумски шпекулации, особено за посебните синоди. Според него, тоа е измислица.

- Постои само еден Свет Синод на СПЦ и Свет синод на Охридската автономна архиепископија, како и досега - вели Џомиќ и додава дека цркавата не смее да зависи од државните граници.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиеископија (МПЦ-ОА) денеска во соопштение по одржаната седница оцени дека Предлог-текстот за промена на Уставот на Српската православна црква (СПЦ) содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија, како и грубо мешање во јурисдикцијата на МПЦ-ОА.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2018 20:28