Официјална Тирана и Приштина го поздравија донесувањето на Законот за употреба на jазиците во македонскиот Парламент.

- Ја поздравувам решеноста да се донесе законот за употреба на албанскиот јазик од страна на македонскиот Парламент, како важен историски и голем чин, не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија. Честитки!, стои во реакцијата на албанскиот претседател Илир Мета.

Косовскиот претседател Хашим Тачи упати честитки до сите Албанци во Македонија и до македонската држава, оценувајќи го донесувањето на законот како многу значаен чекор пред евроатланската иднина.

- Тоа е добра волја за соживот, почитувајќи го културниот диверзитет, достоинството и интегртетот на секој граѓанин. Им честитам на Албанците и на македонската држава за овој значаен чекор кон евроатланската иднина, посочува Тачи, оценувајќи дека тоа е во интерес не само на албанската заедница туку и за целиот регион.

И косовскиот премиер Хашим Тачи го поздрави донесувањето на законот, којшто смета дека тоа е голем чекор во реализација на правата на Албанците и во исто време почитување на граѓанските вредности на една држава со демократски цели.

- Законот за употреба на албанскиот јазик е исполнување на обврските од Охрдскиот договор и почитување на меѓународните договори. Со него почнува нова ера во внатрешните односи во Македонија и истовремено и патоказ за целиот регион кон ЕУ. Им честитам на сите наши сонародници во Македонија за овој толку голем и легитмен чин,напиша меѓу другото Харадинај на својот профил на Фејсбук.

Медиумите во двете земји, без исклучок ја пренесоа веста за „официјализирањето на албанскиот јазик на целата терторија на Македонија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 07:28