Поранешниот албански премиер и претседател, Сали Бериша, се огласи по изгласувањето на законот за јазици во Македонија.
-Третото гласање на законот за употреба на албанскиот јазик како официјален јазик во Македонија е едно важно достигнување на Албанците во оваа република, на целата албанската нација, но и на демократијата, слободата и демократските права и стабилноста во оваа соседна земја, напиша Бериша на социјалните мрежи.