Регионалната кошаркарска АБА лига денеска на својата официјална веб страна ја објави идеалната петорка за основниот дел на натпреварувањето сезона 2017/18.

Во идеалната петорка место обезбедија:

- Тејлор Рочести од Црвена ѕвезда,

- Немања Гордиќ од Будуќност,

- Џанан Муса од Цедевита,

- Новица Величковиќ од Партизан и

- Урош Луковиќ од Морнар.

Во гласањето учествуваа тренерите на 12 клубови, навивачите и комисија од АБА лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 21:53