На едно коло до крај на регуларниот дел од сезоната во СЕХА Газпром лигата познат е противникот на Вардар за полуфиналето на Ф4 турнирот што од 13 до 15 април ќе се одржи во Скопје. Тоа е белорускиот тим Мешков Брест.

Откако пред неколку денови Мешков загуби дома од Горење, а потоа Целје ја победи Војводина, а ППД Загреб ремизираше со Динамо Панчево познати се полуфиналните двојки.

Без оглед на резултатите од последното коло, Мешков ќе остане како четвртопласиран, а резултатски неважно е дали Целје или ППД Загреб ќе бидат второпласирани или третопласирани.

На 13 април во Скопје во полуфиналето треба да играат:

Вардар - Мешков

Целје - ППД Загреб

Победниците од овие дуели потоа на 15 април ќе играат за прво место.

Саатниците на натпреварите од Ф4 турнирот дополнително ќе бидат одредени.

Екипата на Мешков е единствениот тим што сезонава успеа да му земе бод на Вардар во меѓусебните дуели, и тоа на почетокот на февруари, 25-25.

Досега Вардар и Мешков одиграле вкупно 11 натпревари, и на шест триумфирал Вардара на три Мешков.

На Ф4 турнирите досега сме играле двапати:

сезона 2014/2015

полуфинале: Вардар - Мешков 28-32

сезона 2013/2014

финале: Вардар - Мешков 29-27



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 21:58