ИТ гигантот Гугл најави дека од јуни годинава ќе забрани објавување содржини кои се во врска со крипто валутите.

Компанијата најави дека нема да биде дозволено рекламирање на такви производи, вклучувајќи и дигитални пари или совети за тргување преку некоја платформа.

Сличен потег најави и Фејсбук, кој претходно соопшти дека ќе ги забрани сите огласи за биткоини и други крипто валути, со цел да се спречи рекламирање и промовирање на нешто што често се поврзува со измама.

- Компанијата Гугл ја ажурира политиката за рекламирање поврзани со финансиски услуги, со цел да забрани какво било огласување на содржини поврзани со крипто валути - изјави директорот за информирање, Скот Спенсер.

Тоа значи дека дури ни компаниите со легитимни понуди за крипто валути нема да можат да ги огласуваат своите производи преку Гугл.

- Немаме кристална топка за да видиме како ќе се развиваат крипто валутите, но видовме доволно штета или потенцијална штета и тоа е област кон која сакаме да пристапиме исклучително внимателно - нагласи Скот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 22:06