Директорот на службата за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Слободан Ујиќ, потврди дека во четвртокот на двајца членови на руската мотоциклистичка група „Ноќни волци“ им забранил влез во земјата, пишува „Ал Џезира“.
Локалните медиуми јавија дека влез во земјата им е забранет на Александар Залдостанов и членот Саша Савиќ, кој по потекло е од Србија. Александар Залдостанов, познат како Хирург, е еден од најдобрите пријатели на рускиот претседател Владимир Путин.
Членовите на „Ноќните волци“ најавија дека на 19 март ќе ја почнат турнејата „Руски Балкан“, а во планот беше да ја посетат Србија и Босна и Херцеговина.
Планираната турнеја, според најавата, би требало да трае девет дена.
Залдостанов и Савиќ, институциите на Босна и Херцеговина ги прогласиле за опасни за националната сигурност, а одлуката е доставена до граничната полиција на Босна и Херцеговина, пишува „Ал Џезира“.