Пред домот на пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска вечерва се собра група граѓани која протестира, нарекувајќи ја предавник, објави Нетпрес.

Граѓаните извикуваат „Кети предавник“, како и „Нејќам три, нејќам два, еден јазик сакам ја“.

Граѓани има и пред домот на пратеникот на СДСМ од Велес, Панче Иванов.

Откако Законот за употреба на јазиците завчера беше изгласан во Собрание, голем број граѓани се собираат на протест против усвојувањето на овој Закон.

Во Виница беше запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2018 18:25