Вечното дерби во македонскиот кошаркарски шампионат меѓу лутите градски ривали Работнички и МЗТ Скопје Аеродром не го дочека својот крај, откако судиската тројка одлучи на 3 минути и 18 секунди до крајот на третата четвртина да го прекине натпреварот.

Причина за прекинот во „Градски Парк“ беа неколкуте инциденти предизвикани од двете навивачки групи.

Судиите пред да заминат во соблекувалните, во неколку наврати преку официјалниот спикер ги опоменаа навивачите, но се продолжи со фрлање меки и тврди предмети од трибините, како и со плукање на судиите и кошаркарите.

Неколку минути пред конечниот прекин, имаше уште еден поголем, но и тој не помогна да се смират страстите.

Резултатот остана во втор план, а во моментот на прекинот изнесуваше 62:50 за Работнички.

Според информациите натпреварот ќе продолжи утре без навивачите на МЗТ Скопје Аеродром кои не сакаа да ја напуштат салата, а судиите го бараа тоа како услов да го продолжат мечот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2018 02:57