Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во четврток ќе пристигне во Скопје со нацрт- спогодба на 20 страници, јавуваат атинските медиуми. Според дописникот на МИА, Радиото „Атина 984“ јавува дека нацрт- предлогот наводно бил подготвен од грчкото МНР и потоа разгледан од премиерот Ципрас и од министерот Коѕијас.

Во однос на информациите во грчките медиуми од изминатите денови, дека нацрт- спогодбата е доставена до Македонија, македонски дипломатски извори за МИА велат дека грчките предлози не се пристигнати и очекуваат нив да ги достави самиот Коѕијас, при неговата посета на македонската метропола.

За 27-ми март, како датум објавен во македонските и грчките медиуми, кога наводно ќе се одржи новата средба на шефовите на дипломатиите со медијаторот Нимиц, засега нема официјална потврда ниту од Скопје ниту од Атина.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 12:56