Изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој наводно, при контактитe со европски колеги рекол дека некои грчки ставови за името се „блиску до апсурдни“ го намалија оптимизмот во Атина за брз исход од преговорите.
Оваа изјава грчките медиуми ја припишуваат на „добро информирани дипломатски извори“ и сметаат дека ќе фрли сенка, или како што вели „Катимерини“, „облаци на хоризонтот“ врз преговорите.
Оваа игра топло–ладно во рамките на генералната полуинформираност или клишеата за состојбата во Македонија, се толкува и по малку комично, па, на пример, се вели дека изјавата на Димкитров не треба да се гледа изолирано од улогата што тој ја игра во владата на Зоран Заев, „иако тој доаѓа од националистичката ВМРО-ДПМНЕ и неговите позиции се далеку од тие на Никола Груевски, сепак се различни и од оние на Заев“.
Во Атина се смета дека сега, по настаните околу усвојувањето на Законот за употреба на јазиците, атмосферата во Скопје е „особено тензична“, и симлифицирано се прикажува со сликата дека “Владата на Заев успеала да го донесе законот, но не успеала тоа да го стори зна начин кој е во согласност со парактиката на парламентите на европските држави, како и дека улогата на Груевски била негативна“.