На крајот на минатата учебна година (2016/2017) во редовните основни училишта имало 190. 225 ученици, што е зголемување за 2.8 проценти во однос на претходната 2015/2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во редовните средни училишта, пак, на крајот на минатата учебна година имало 72.482 ученици, што е намалување за 6.6 отсто во споредба со претходната, 2015/2016 учебна година.