Почнува реконструкцијата на улицата „Панко Брашнаров“ во Штип. Проектот чини околу 1,8 милиони денари, а инвестицијата е на Општина Штип и „Ромалитико“, рече на денешната прес-конференција штипскиот градоначалник, Иван Јорданов.

-„Ромалитико“ е здружение коешто дефинитивно воспостави добра соработка со нас како локална самоуправа, помагајќи на месното население, претежно ромското население, коешто има проблеми со комуналните потреби и еве ги решаваме тие потреби на месното население овде, вели Јорданов.

Тој додаде дека учеството на здружението „Ромалитико“ во овој проект е околу 40 отсто од вкупната вредност на овој инфраструктурен проект, а останатиот дел е од буџетот на Општина Штип.

Јорданов истакна дека реализацијата на овој проект, значи решавање на проблемите на повеќе семејства во овој дел на градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 20:20