Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ја доби главната награда за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Бергамо, Италија.
Интернационалниот филмски фестивал се одржа од 10 до 18 март и годинава беше нивното 36. издание.
Успесите на филмот „Исцелител“ не стивнуваат и на секој меѓународен фестивал каде што досега беше прикажан доби или награда или признание.
Во рецензиите на светските филмски магазини на овој македонски филм му се прогнозира голем успех, но и повод да ја помести напред целата македонска кинематографија.