Едвард Сноуден смета дека Фејсбук е „надзорна компанија“ која ги продава податоците на своите корисници, притоа накратко навестувајќи дека оваа социјална мрежа наликува на продолжена рака на службите за разузнавање.

„Тие се ребрендираа во социјална мрежа, што е најуспешна измена уште од времето кога Секретаријатот за војска премина во Секретаријат за одбрана“, напиша Сноуден на својот твитер-профил.

Ова негово гледиште на нештата е споделено повеќе од 60 илјади пати. Ваквото тврдење доаѓа откако се дозна дека приватната фирма за статистика Кембриџ Аналитика нелегално прибавила податоци од повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук за време на претседателската кампања на Трамп.

Минатата недела Фејсбук ги блокираше сите пристапи на Кембриџ Аналитика на социјалната платформа. Тие се децидни дека оваа статистичка компанија самата ги обезбедила сите податоци и дека тие не се соучесници во сето тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 00:30