Официјална Москва смета дека плановите, Македонија да биде внесена во НАТО, може да имаат негативни последици по регионалната безбедност и билатералните односи меѓу двете земји.

Ова го соопшти руското Министерство за надворешни работи, по одржаниот состанок меѓу заменик- министерот Александар Грушко и нашиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов.

Меѓудругото, двајцата соговорници ја истакнале подготвенста за соработка во областите од заеднички интерес, како и важноста да продолжи работата на Руско- македонската меѓувладина комисија за трговија, економија, за научна и технолошка соработа.

Исто така, Грушко и Карајанов разговарале и за ситуацијата на Балканот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 13:29