Јувентус би можело да биде значително ослабен во натпреварот против Реал во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Џорџо Кјелини, искусниот стопер на „старата дама“, ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Италија против Аргентина и Англија поради повреда на мускулот.

Повредата на Кјелини би можела да биде потешка отколку што се претставуваше, па би можело да го пропушти дуелот со Кралскиот клуб на трети април во Мадрид.

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, веќе има проблеми за тој натпревар бидејќи поради црвен картон е суспендиран Мехди Бенатија.

Јувентус во мај минатата година беше убедливо поразен со 4-1 од Реал во финалето на Лигата на шампионите во Кардиф.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 16:40