Најдобриот фудбалер на Вардар, Бразилецот Хуан Фелипе, се поизвесно е дека ќе си замине од таборот на „црвено-црните“.

Искусниот напаѓач три и пол сезони е член на најтрофејниот македонски клуб и има преку 100 настапи.

Тој наводно побарал да си оди дома поради „семејни причини“, иако имаше договор до 2020 година.

Информацијата и деталите за заминувањето на Фелипе се очекува да бидат официјално соопштени во наредните денови.

Бразилецот во Македонија пристигна од ЦСКА Софија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 16:44