Прес – службата на ОН поладнево ја потврди информацијата што претходно ја објавија македонското и грчкото МНР дека шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц на 30 март во Виена.

– Метју Нимиц, специјалниот претставник на Генералниот секретар ќе има заедничка средба со Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Република Грција и Никола Димитров, министер за надворешни работи на поранешната Југословенска Република Македонија на 30 март во Виена. Средбата е дел од напорите на ОН за посредување меѓу двете земји за наоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името, се вели кусото соопштение од прес-службата на ОН.

Димитров и Коѕијас, пред новата рунда разговори со Нимиц, ќе имаат билатерална средба во Скопје во четврток кога грчкиот Министер за надворешни работи ќе дојде во официјална посета на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 23:30