Проблемите продолжуваат за бизнисменот и сопственик на Милан, Јонгхонг Ли, кому му е загрозена иднината на чело на италијанскиот клуб.
Како што пренесува „Кориере дела сера“, судот во Шенжен донел одлука дека најважната и најликвидната компанија на кинескиот бизнисмен банкротирала.
Одлуката на судот нема да има директно влијание на Милан, но со најновиот проблем во животот на Кинезот, дополнително се доведе во прашање неговиот кредибилитет.
Оваа вест доаѓа во тежок момент, бидејќи на Милан оваа сезона му се потребни 30-40 милиони евра за да си го загарантира местото во Европа следната сезона, според правилникот на УЕФА. Се претпоставува дека спасувач би можело да биде фондот “Елиот“, кој е подготвен да им ја позајми таа сума пари.
Ова би можело да биде крајот на кинескиот Милан, а како некој кој би ја презел компанијата се наведува сега споменатиот фонд.