Надлежните органи од МВР и од АРМ работат на целосно расчистување на случајот.

Двајца припадници на Армијата од Тетовската касарна изутрината биле донесени во болницата во Тетово со прострелни рани. Поради сериозноста на повредите, војниците се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. Нивната состојба е стабилна и се надвор од животна опасност.

Според првичните информации, настанот се случил по вежбата што ја имале војниците во касарната додека го чистеле оружјето. Од тетовската болница велат дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите.

Надлежните органи од МВР и од АРМ работат на целосно расчистување на случајот. За резултатите од истрагата јавноста дополнително ќе биде известена.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2018 14:14