Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг рече дека во 2017 година на оваа социјална мрежа откриле голем број лажни профили од Македонија, од каде се шират лажни вести. Оваа изјава ја даде во интервјуто за Си-Ен-Ен во кое потврди дека е подготвен да сведочи пред американскиот Конгрес поради злоупотребата на лични податоци на милиони корисници на Фејсбук.

- Во 2017 година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, употребивме нови алатки што ги развивме со цел да откривање лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести. Пронајдовме многу такви лажни профили од Македонија. Не очекува напорна работа за да им отежнеме на државите како Русија да се мешаат во избори, да спречиме други луѓе да шират лажни вести, рече Цукерберг .

Коментирајќи го скандалот со компанијата Кембриџ аналитикс која се поврзува со претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година, Цукерберг практично ја призна грешката и изрази жалење поради скандалот во кој на 50 милиони корисници на Фјесбук им биле, без нивно знаење, чувани личните податоци. Притоа рече дека се сомнева оти некој се обидува да ги спречи ноемвриските избори за Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и на Сенатот.

Цукерберг појасни дека поради грешката компанијата ја менува политиката на приватност се со цел подобро да се заштитат нивните корисници. По објавувањето на скандалот со протекувањето лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници, „Фејсбук“ загуби околу 37 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2018 14:33