Андрес Иниеста, фудбалерот на Шпанија, изјави дека ќе му биде чудно кога ќе се соочи со Лионел Меси во пријателскиот натпревар меѓу „црвената фурија“ и Аргентина.

Шпанија ќе одигра пријателски натпревари против Германија (23-ти март) и Аргентина (27-ми март) како подготовка за Светското првенство во Русија.

„Ќе биде чудно да играм против Меси. Навикнавме секојдневно да тренираме заедно. Иако станува збор за пријателски натпревар, уверен сум дека двата тима ќе направат сè за да победат. Се надевам дека и натпреварот против Германија ќе биде интересен. Добро е што играме против тимови кои се на високо ниво“, изјави Иниеста.

Легендарниот играч на Барселона изјави и дека не постои можност некогаш да заигра против Меси во клупските натпреварувања.

„Не би отишол никаде каде што постои можност да играм против мојот сегашен тим. Секое сценарио кое не вклучува играње против Барселона е можно. Многу работи ми се вратат во главата. Остануваат уште неколку седмици до конечната одлука, која ќе биде една од најважните во мојата кариера. Нема да биде во прашање љубовта, туку ќе гледам каде ќе можам да придонесам. Ако ме одминат повредите, би можел да бидам во стартните 11 во Барселона и наредните две години. Ако си одам, ќе биде поради тоа што не можам да го дадам максимумот. Не сакам да бидам тука само поради тоа што сум бил некогаш“, додаде Иниеста.

Шпанските медиуми неодамна пишуваа дека за искусниот фудбалер за врска е заинтересиран Тијанџин. Кинезите, наводно, на Иниеста може да му понудат плата од 35 милиони евра годишно. Играчот изјави дека одлуката ќе ја донесе до крајот на април.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2018 01:23