Велс, под водство на Рајан Гигс на неговиот дебитантски натпревар, со високи 6:0 ја совлада Кина во градот Нанинг.
Ѕвезда на средбата беше фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, кој постигна хет-трик и се запиша во репрезентативната историја.
Бејл со овие погодоци стана најдобар стрелец во репрезентацијата на Велс. Тој го постигна својот 29. погодок во националниот дрес и го надмина легендарниот Јан Раш.
Сем Воукс натпреварот го заврши со два погодока, а еден гол даде и Хари Вилсон.
Велс во финалето на Купот на Кина ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Уругвај и Чешка.