Автомобил „БМВ“ сопственост на Сашо Наков, син на скопскиот бизнисмен Штерјо Наков, бил опожарен утрово во скопско Дебар Маало, објави „Нетпрес“. Во пожарот бил запален предниот дел на возилото.

Според МВР, утрово околу 03 часот на улица „Мирослав Крлeжа“ опожарено е патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Н. од Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа, а опожарен е предниот дел на возилото. Увидот е во тек.

Инцидентот за „Нетпрес“ го потврдил и Штерјо Наков.

Не станува збор за запалено возило. Се случил дефект. Направен е и записник. Утврдено е дека се запалиле каблите, рече Наков.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2018 02:57