Данската тенисерка Каролина Возњацки пријави дека добила смртни закани на мастерсот во Мајами.

Таа беше поразена од Моника Пуиг, но поразот не и падна толку тешко колку однесувањето на навивачите на трибините.

„Пред неколку ноќи изгубив тежок дуел против одлична противничка и голема пријателка и свесна сум дека тенисот е игра на победа и пораз. Сепак, во текот на мечот публиката испраќаше смртни закани кон мене и моето семејство, а мене ме навредуваа со грди имиња“, вели таа.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2018 22:56