Бугарската православна црква (БПЦ) ќе испрати делегација на чествувањето по повод 1000-годишнината од формирањето Охридската Архиепископија, што ќе се одржи во Охрид на 28 мај оваа година, доколку добие покана, изјави поглаварот на БПЦ, патријархот Неофит.

– Ако има покана, ќе испратиме делегација, нагласи бугарскиот партијарх.

На посебна седница одржана на 13 март, Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија донесе одлука прославата на 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија да се одржи во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид на 28 мај.

Охридската архиепископија е формирана од страна на византискиот император Василиј Втори во 1018 година и првично опфаќала 31 епархија.

Катедрален храм на Охридската архепископија била базиликата „Света Софија“ во Охрид, која е изградена во 863 година на темелите на стар христијански храм од доцната римска епоха.

Охридската архиепископија била неканонски укината во 1767 година на инсистирање на вселенскиот патријарх, со што нејзините епархии се приклучени кон Вселенската патријаршија.

Последен охридски архиепископ бил Арсениј Втори.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2018 23:14