За одредени прашања има приближувања, за други сѐ уште се преговара, направени се чекори, а позитивно е тоа што има политичка волја, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис, во интервју за грчкото радио Realfm, јави дописничката на МИА од Атина.
Постојат прашања за кои има доближување, дури и договор, а постојат и прашања за кои се разговара. Затоа, во овој период ќе се направи оценка на преговорите што ги водеше министерот за надворешни работи Коѕијас и ќе имаме следна средба на 30 март во Виена со присуство на Нимиц. Постојат точки во кои постои многу добро доближување и точки за кои сѐ уште се разговара и се во преговори. Направени се чекори, постои политичка волја и од другата страна и покрај тешкотиите што постојат и во ПЈРМ, за преговорите да одат напред и ова е позитивно, вели заменикот на Коѕијас за грчкото радио, потенцирајќи дека нема да открие за кои точки се приближени позициите, а за кои се преговара.