Припадници на специјалната полиција го приведоа денеска директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ.
Српски жители во Косовска Митровица се обидоа да спречат влегување во зградата каде бил Ѓуриќ, по што косовската полиција употреби шок бомби. Потоа, упаднале во зградата и го привеле Ѓуриќ.
Тој заедно со Никола Селаковиќ,генерален секретар во Кабинетот на претседателот се во северниот дел од Косовска Митровица од 17 часот за да учествуваат во разговор во рамки на внатрешен дијалог, јави Танјуг. Претходно од Приштина беше соопштено дака им е забранет влез на територијата на Косово.