Капитенот на македонската ракометна репрезентација и актуелниот член на Нант, Кирил Лазаров, се најде во идеалниот тим во „куќата на славните“ за последната деценија, што го сочинуваат ракометари кои доминираат од 2010 година.

Местото на Лазаров во овој тим е очекувано, ако се има предвид дека станува збор за ракометар од светска класа со над 1.000 голови во Лигата на шампионите, рекордер по бројот на постигнати голови на Европските и Светските првенства, со европска клупска титула и со богата меѓународна кариера почнувајќи од Загреб, па Веспрем, Атлетико Мадрид, Барселона.

Идеален тим од 2010 година:

Тиери Омејер (Франција)

Филип Јиха (Чешка)

Никола Карабатиќ (Франција)

Кирил Лазаров (Македонија)

Лук Абало (Франција)

Хулен Агинагалде (Шпанија).



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2018 22:40